Ердоган повика на подобрување на односите со САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева дека скорешната средба со американскиот колега Џо Бајден ќе овозможи отворање нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, кои се затегнати од 2016 година.

Фото: ЕПА

„Убеден сум дека нашата средба со Бајден на самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера“, изјави Ердоган на видео-конференција со директори на американски компании.

„Важен ни е сојузот со Соединетите Американски Држави“, инсистираше тој.

Изјавите доаѓаат по повеќегодишни тензии што се засилија кога претседателот Бајден минатиот месец призна дека Отоманското царство извршила геноцид врз Ерменците за време на Првата светска војна. Анкара остро ја критикуваше одлуката. Таа ги признава масакрите, но го отфрла терминот геноцид и ги споменува граѓанската војна во Анадолија, и гладот, кога умреле меѓу 300.000 и 500.000 Ерменци, а исто толку Турци.

Односите меѓу Турција и САД, двете членки на НАТО, се влошија во 2016 година поради неколку спорови. Вашингтон се разбесни кога Анкара купи руски ракети С-400, па ја исклучи Анкара од програмата за производство на американскиот борбен авион Ф-35.

Додека неговата земја сè повеќе дипломатски се изолира и се соочува со тешки економски проблеми, Ердоган се обидува да ги смири односите со Соединетите Држави и Европската унија во надеж дека ќе привлече инвеститори.

Турскиот претседател им повтори на американските деловни лидери дека сака да го зголеми обемот на трговијата меѓу Турција и САД на 100 милијарди долари, инсистирајќи на важноста за унапредување на заедничките интереси.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе