Ердоган побара „конкретна помош од НАТО“ во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара денес од НАТО „конкретна помош“ во конфликтот во Сирија, за време на посетата на Брисел.

„Очекуваме конкретна помош од сите наши сојузници. НАТО е во критичен процес во кој јасно треба да се покаже солидарноста на Алијансата“, кажа Ердоган по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој кажа дека Анкара сака Алијансата целосно да ги примени одлуките донесени во 2012 и 2015 за тоа да се поддржат турските воздухопловни сили.

Ердоган го посети и седиштето на Европската Унија по својата одлука да ги отвори турските граници за емигрантите и бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија за да ги натера европските земји да ги поддржат турските политички и хуманитарни решенија во Сирија. Во Турција има 3,6 милиони сириски бегалци.

Околу еден милион луѓе од сириската провинција Идлиб на северозападот на земјата избегаа кон турската граница по офанзивата на сириските сили кои воздушно ги помага Русија, ставајќи ја Анкара во незгодна позиција.

Турција во февруари во Идлиб изгуби над 50 војници во нападите на сириските сили.

„Нашите сојузници треба да покажат солидарност со нашата земја без дискриминација и без политички услови“, кажа Ердоган.

Тој кажа и дека е многу важно помошта што ја бара Турција да биде без одложување.

Ердоган ѝ замери на Грција за тоа што ја обвинува Турција дека е виновна за новата емигрантска криза.

„Нерационално е еден сојузник, една соседна земја да ја префрла вината на Турција“, кажа Ердоган.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе