Ердоган оди кај Путин: крај или почеток на тензиите меѓу Турција и Русија?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган в четврток на 5 март ќе замине на еднодневна посета на Русија.

Неговата посета се случува во време на засилени тензии меѓу Анкара и Москва поради ескалацијата на судирите со силите на сириската влада во провинцијата Идлиб, соопшти денес кабинетот на турскиот претседател.

Се очекува Ердоган да разговара со претседателот на Русија Владимир Путин откако минатата недела 33 турски војници беа убиени во воздушен напад во сириски Идлиб, јавува Ројтерс.

Турција на тоа одговори со силен контранапад врз силите на сириската влада, чиј главен сојузник е Русија.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе