Анкара

Ердоган одби да се состане со советникот за безбедност на Белата куќа Џон Болтон

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон се подготвува да ја напушти Анкара откако турскиот претседател одби да се состане со него.

Како што пренесува турскиот медиум Дејли Сабах, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган одби да се сретне со Џон Болтон поради ставовите кои САД ги има за турската офанзива против терористите во Сирија.

Ердоган изјави дека Џон Болтон, кој денес се состана со турските претставници во Анкара, и ја напушта Турција без да ги одржи очекуваните разговори со претседателот, „направи сериозна грешка“ со поставување услови за воената улога на Турција по повлекувањето на САД.

Само неколку часа претходно, советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп се состана со турските официјални лица со цел да добие уверување дека Турција нема да ги нападне курдските сили кои имаат американска поддршка. Меѓутоа, Ердоган наведе дека Анкара „не може да прави отстапки“.

„Ако се терористи, ќе го направиме она што е неопходно, без разлика од каде доаѓаат“, изјави тој пред членовите на својата АК партија во парламентот, пренесе Ројтерс.

„Болтон направи сериозна грешка и секој што мисли така исти така прави грешка. Засега не е можно да правиме компромиси“.

Претседателот на Турција рече дека официјалните лица од администрацијата на САД може се обидуваат да го опструираат „јасниот договор“ кој тој и претседателот на САД, Доналд Трамп го постигнале во телефонскиот разговор на 14 декември. Ердоган рече дека во тој разговор, кој го опиша како „историска пресвртница“ Турција вети дека ќе ја преземе борбата против преостанатите екстремисти од исламската држава кога американските војници ќе се повлечат од Сирија, пренесе АП.

На прашањето зошто не се сретна со Џон Болтон, советникот за национална безбедност на претседателот на САД кој денеска беше во Анкара, Ердоган рече дека Болтон се сретнал со својот колега, и дека тој наскоро ќе може да се слушне на телефон со Трамп.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе