За Еурактив

Ердоган одби да разговара со Мицотакис за мигрантската криза, вели Борисов

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби да одржи мултилатерални разговори за олеснување на мигрантската криза во кои би се вклучил и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, тврди бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Според веб-страницата Еуроактив, Борисов рекол дека в петок планирал да организира состанок во Софија на кој ќе присуствуваат Ердоган, Мицотакис, германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Андреј Пленковиќ од Хрватска, која во моментов го држи ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ.

„(Ердоган) беше подготвен да дојде во Софија в петок, но неговата неспремност да седне на маса со својот колега Мицотакис ми ја задуши желбата оваа средба да се одржи“, рекол Борисов.

Ердоган го уверил бугарскиот лидер дека „Анкара ќе ја испочитува својата заложба да не дозволи миграциски притисок врз Бугарија“.

На коментарите на Борисов реагираше Атина.

„Оние што се на страната на законот немаат никаков проблем да седнат на иста маса со кого било. Оние што не сакаат се тие што во моментов користат очајни луѓе како пиони“, рече владин извор, пренесе Екатимерини.

Истиот извор рече дека Грција ќе продолжи да ја обезбедува својата граница со Турција откако илјадници мигранти, охрабрени од Анкара, се собраа на границата, барајќи да влезат во ЕУ.

„Ние ќе ги заштитиме нашите граници, границите на Европа“, рекол изворот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе