„Се надевам дека во 2023 година ќе го извлечеме нашиот национален борбен авион од хангарот и ќе го покажеме на целиот свет“, кажа турскиот претседател.
„Нашиот национален борбен авион, кој првиот лет ќе го изврши во 2025 година, по сите потребни тестирања ќе го заземе своето место на небото во 2029 како ударна сила на нашето воено воздухопловство“, кажа Ердоган во обраќањето на церемонијата на претставувањето на технолошките проекти во комплексот на Турската управа на воздухопловната и вселенската индустрија (ТУСАС) во Кахраманказан во главниот турски град Анкара.
Истакна дека Турција е присутна во секоја технолошка област која е потребна за развој на одбранбената индустрија.
„Бројот на одбранбени проекти во нашата земја пред 20 години изнесуваше само 62, а денес надминува 750, додека бројот на нашите компании кои работата во оваа област порасна од 65 на 1.500. Исто така, буџетот на Турција за проекти од одбранбената индустрија порасна од 5,5 милијарди на 7,5 милијарди долари, а годишниот промет на секторот порасна од милијарда на 10 милијарди“, кажа Ердоган, а пренесува Анадолу. „Сега влегуваме во период во кој ќе дејствуваме многу посистематски и среднорочно во областа на одбранбената индустрија“.
Истакна и дека Турција во голема мера може да се потпре на домашното производство.
„Нема да се согласиме на испорака на производи од странство кои самите можеме да ги произведеме. Развојот и јакнењето на нашата одбранбена индустрија и понатаму ќе биде наш приоритет“, кажа турскиот лидер.
Кажа дека Турција особен напред остварила во областа на производство на беспилотни летала.
„Сега сме меѓу најдобрите три земји во производството на беспилотни летала и вооружени дронови. Исто така, меѓу десетте земји сме кои можат да дизајнираат, произведуваат и одржуваат воени бродови“, кажа турскиот претседател.
Порача и дека Турција ќе продолжи да остварува напредок и успеси во областа на наменската индустрија.