Ердоган: Никој не сака нов Чернобил

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“.

EPA-EFE

Тој тоа го изјави по трилатералната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Ердоган во украинскиот град Лавов изрази загриженост поради борбите кои се одвиваат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски кажа дека се договорил со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за условите и критериумите за посетата на нејзина делегација на Запорожје.

Тој кажа дека Русија треба веднаш да ја повлече војската и да престане да ја гранатира нуклеарната централа на југот на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе