Ердоган: Ние сме нераскинлив дел од Европа и најсилна членка на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција се смета себеси за неразделен дел од Европа.

Фото: ЕПА

Ердоган преку видеоконференција се обрати на 7-от редовен конгрес на Партијата за правда и развој (АК Партија) за градовите Испарта, Бурдур, Гумушане, Кастамону и Синоп.

„Ние сме нација што илјадници години одржуваше силни врски со Истокот и секогаш беше свртена кон Западот“, рече Ердоган и додаде:

„Во широка географска област, ние оставивме чест како претставници на правдата. Со векови бевме врска меѓу различните култури и цивилизациите“.

Тој исто така подвлече дека Отоманската Империја, и кога ќе се исклучи периодот пред тоа, во Европа има свое минато од 600 години.

„Сè уште се сметаме себеси за неразделен дел од Европа. Отсекогаш сме биле најсилната членка на западниот сојуз, особено на НАТО. Сѐ додека не сме биле принудени да трагаме на друго место, нашиот избор секогаш бил Западот, од одбраната до трговијата“, рече Ердоган.

Сепак, како што подвлече, тоа не значи дека Турција ќе ја наведне главата пред отворените напади врз земјата и нејзиниот народ, неправдите под различни маски и двојните аршини.

„И покрај сè, ние веруваме дека немаме проблем со која било земја или институција што не може да се реши преку политика, дијалог и преговори. Затоа, ја повикувам ЕУ, исполнете ги вашите ветувања, од полноправното членство до бегалските прашања, дозволете ни да воспоставиме поблиска и поефикасна соработка.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе