Ердоган: Неприфатливо е Турција да не смее да има нуклеарно оружје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е неприфатливо нуклеарните сили да ѝ забрануваат на Анкара да дојде до атомско вооружување, но не кажа дали Турција навистина има такви планови.

„Некои земји имаат ракети со нуклеарни глави, не една или две. А нам ни велат дека не смееме да ги имаме. Јас тоа не можам да го прифатам“, кажа Ердоган на партиски собир во градот Сивас на истокот на земјата.

„Нема развиена земја во светот што ги нема“, додаде тој, иако вистината е дека многу развиени држави не поседуваат нуклеарно оружје.

Турција во 1980 го потпиша Договорот за забрана на ширењето на нуклеарното оружје и во 1996 Сеопфатниот договор за забрана на нуклеарните тестирања кој забранува нуклеарни детонации во кои било цели.

„Блиску ни е Израел, речиси сме соседи. Тие другите ги плашат со тоа што имаат нуклеарно оружје. Никој не смее да ги чепне“, кажа Ердоган.

Странските аналитичари проценуваат дека Израел поседува значителен нуклеарен арсенал. Израел во таа смисла води двосмислена политика и не сака ни да потврди ни да негира дека има нуклеарни капацитети.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе