Денеска во парламентот

Ердоган: Нема повеќе толеранција кон протестите

Турција повеќе „нема да има толеранција“ кон насилните протести, рекол премиерот Ердоган во турскиот парламентот, пренесува Раша тудеј.

Тој таму зборувал додека полицијата употребувала водени топови и солзавец за да го преземе плоштадот Таксим во Истанбул од антивладините активисти.

Ердоган денеска, во обраќањето пред пратениците, ги критикувал демонстрантите. Во својот говор тој ги одвоил мирните демонстранти што се загрижени со плановите за развој во паркот Гези од оние на плоштадот Таксим, за кои рекол дека се одговорни за насилните судири со полицијата.

Премиерот ги обвинил демонстрантите на Таксим за повредување на безбедносните сили, за оштетување јавна сопственост, за нарушување на јавниот ред и за наштетување на имиџот на Турција кај меѓународните инвеститори.

Говорот на Ердоган следува неколку часа откако денеска взори стотици полицајци влегоа на плоштадот Таксим употребувајќи солзавец и водени топови за да ги одбијат демонстрантите што се обидувале да влезат на плоштадот. Полицијата ги отстранила и протестните плакати од зградите што го опкружуваат плоштадот.

Премиерот го поздравил овој потег, кој го опишал како кинење „партали“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе