Ердоган нема да го чепка паркот Гези до референдумот

Владата нема да направи никаква промена во паркот Гези до референдумот, кој владата го предложи и на кој граѓаните ќе одлучуваат за плановите за преуредување на Истанбул, изјавил Хусеин Челик, портпаролот на партијата АКП на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по состанокот на претставници на демонстрантите и Ердоган во резиденцијата на премиерот, пренесува АП.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган одржал синоќа итен состанок со лидерите на демонстрантите откако тие го одбиле неговото „последно предупредување“ да се повлечат од истанбулскиот парк Гези, епицентарот на двонеделните протести.

Претставниците на групата „Таксим на солидарноста“ отпатувале во Анкара, каде доцна синоќа разговарале со Ердоган во неговата резиденција.

По разговорот, кој траел неколку часа, портпаролот на владејачката партија АКП, Хусеин Челик, истакнал дека владата нема да прави никакви измени на паркот сѐ до референдумот, кој владата го предложи и на кој граѓаните би се изјасниле за плановите за преуредување на Истанбул.

„Сакаме да знаеме што мислат граѓаните на Истанбул, нивните одлуки ни се многу важни“, додал портпаролот Челик.

Демонстранти спијат во паркот Гези
Сепак, додека траеле преговорите, полицијата фрлила солзавец на околу 200 демонстранти собрани во центарот на Анкара, во близина на канцеларијата на Ердоган. Полицијата употребила и водени топови за да го разбие собирот а петмина демонстранти биле приведени.

Во Истанбул демонстрантите минале уште една ноќ во паркот Гези, очекувајќи евентуална полициска акција.

Градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу кажал дека полициска операција ќе биде спроведена само против оние што создаваат немир и проблеми.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе