Ердоган не се помирува со поразот, бара нови избори во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа денес дека заговара повторно одржување на изборите за градоначалник на Истанбул на кои неодамна победата ја однесе кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).

Опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу го победи кандидатот на АКП, поранешниот премиер Бинали Јилдирим, со помалку од 15.000 гласови предност.

Ердогановата владејачка Партија на правдата и развојот, која ја изгуби власта и во Анкара на локалните избори на 31 март, веќе испрати повик до државната изборна комисија да ги поништи изборите во Истанбул поради неправилности и да одржи нови.

„Граѓаните ми велат: „Претседателе, треба да се повторат тие избори“. АЈде тогаш пред луѓето и она што ќе се покаже како волја на народот, ние ќе го прифатиме. Тоа е едноставно“, кажа Ердоган во говор пред бизнисмените во Истанбул.

Неговата изјава доаѓа пред предвидениот состанок на изборната комисија во понеделник на која ќе биде разгледано нарањето на АКП за поништување на изборите во Истанбул и распишување нови.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе