Ердоган: Не сакаме компромиси околу нешто што ни припаѓа

Турција е решена да направи сѐ што е потребно за да ги постигне своите права во Црното, Егејското и Средоземното Море, кажа денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

EPA-EFE

„Нема да правиме компромиси околу нешто што ни припаѓа. Одлучни сме да направиме сѐ што е потребно“, кажа Ердоган еден ден откако шефот на германската дипломатија Хеико Мас се обиде да ги ублажи тензиите меѓу Турција и Грција во нивниот спор околу водите во источниот Медитеран.

Зборувајќи за настанот со кој се одбележува воената победа на селџучките Турци над Византинското Царство во Малазгирт, Ердоган ги повика своите грчки колеги да ги избегнат грешките кои, како што кажа, би им донеле уништување.

Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа отатко Анкара месецов го испрати истражувачкиот брод Оруч реис во спорните води во источното Средоземно Море, потег кој Атина го смета за нелегален.

Турција и Грција, сојузнички во НАТО, остро се спротивставени околу правата на ресурсите на енергенси во таа област врз основа на спротивставените ставови за опсегот на нивните епикинтинентални појаси во водите со главно грчки острови.

„Ако некој е спремен да ја плати цената, нека ни се спротивстави. Ако не, треба да се тргне за да можеме да си ја завршиме работата“, кажа Ердоган.

Германија се обидува да посредува меѓу Анкара и Атина. Грција и Турција кажаа дека сакаат дијалог, но двете предупредија дека ќе ги бранат своите интереси во регионот.

Франција им се приклучи на Италија, Грција и Кипар во воените вежби во источото Средоземје до 28 август.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе