Ердоган не ја прифаќа загубата на Истанбул, бара пребројување на гласовите

Владејачката турска партија АКП поднесе жалба за резултатот од локалните избори во Истанбул, каде што, според прелиминарните резултати, опозицијата освои тенко мнозинство.

Партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Партија на правдата и развојот, во неделата на ниво на цела Турција освои најголем број гласови, но ја загуби власта во Анкара и заостанува во Истанбул.

Шефот на АКП во Истанбул, Бајрам Сеночак, денеска рече дека поднел жалба на изборните резултати во 39 избирачки места и дека побарал пребројување за да се исправат наводните нерегуларности и да се пребројат неважечките гласачки ливчиња.

АКП се жалеше и на резултатите од изборите во Анкара.

За тоа време, опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, отпатува за Анкара за да го посети мавзолејот на основачот на секуларната турска република, Кемал Ататурк.

Таму беше пречекан од голема група луѓе, кои извикуваа „Градоначалникот Екрем“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе