Ердоган: НАТО треба да биде поодлучен во однос на Украина

НАТО треба да дејствува порешително во однос на руската инвазија на Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред новинарите во Истанбул.

Фото: ЕПА

Ердоган на сличен начин ја критикуваше Европската унија поради недејствувањето и неуспехот да „покажи сериозен, дефинитивен став“.

Западните сили „само ѝ даваат многу совети на Украина“, рече Ердоган, додавајќи дека тоа „не доликува ниту на пријателство ниту на солидарност“. Ердоган истакна дека со „совети никаде не се стасува“. „Кога ќе се погледнат преземените чекори, нема преземени чекори“, рече тој.

Во својата реакција, Ердоган, исто така, избегна да користи зборови како „осуди“ или „инвазија“ за да опише што се случува, и наместо тоа рече дека нападот на Москва е „неприфатлив“.

Самитот на лидерите на НАТО во петок „не треба да се претвори во фестивал на осудување“. Наместо тоа, Анкара очекува да види какви чекори може да се преземат за да се реши конфликтот, додаде Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европа да дејствува побрзо и посилно во воведувањето санкции кон Москва поради инвазијата на Украина, обвинувајќи ги западните сојузници за политиканство додека руските сили напредуваат кон Киев.

Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори Босфорот и Дарданелите кои ги поврзуваат Медитеранот и Црното Море со Русија според договорот од 1936 година. Но, Анкара во петокот рече дека не може да ги спречи руските бродови да влезат во Црното Море бидејќи, според договорот, тие имаат право да ги вратат бродовите во базите на Црното Море.

Членката на НАТО, Турција се граничи со Украина и Русија на Црното Море и има добри врски со двете. Таа ја повика Русија да го запре нападот и изрази поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

И покрај бранот санкции од Западот кон Русија, Турција соопшти дека се противи на таквите потези.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе