Ердоган нареди протерување на амбасадорите кои бараа ослободување на Осман Кавала

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека наредил „што е можно поскоро" протерување на десет амбасадори, вклучително и француски, германски и американски, кои бараа ослободување на опозицискиот активист Осман Кавала.

Фото: ЕПА

„Му наредив на нашиот министер за надворешни работи да ги прогласи овие десет амбасадори за персона нон грата што е можно поскоро“, рече претседателот, без да прецизира до кој датум треба да ја напуштат земјата.

„Овие дипломати мора да ја познаваат и да ја разберат Турција“, продолжи Ердоган, обвинувајќи ги за „непристојност“.

Ретка мерка во меѓународните односи, прогласувањето на дипломатите за непожелни го отвора патот за нивно протерување или отповикување од татковината.

„Од утро до вечер, дипломатите повторуваа: Кавала, Кавала... Но, тој за кој зборувате, Кавала, е агент на Сорос во Турција“, рече Ердоган за американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос, со кого редовно го споредува Кавала.

Осман Кавала, турски издавач, покровител и противник на режимот кој четири години е во притвор без судење, режимот на претседателот Ердоган го обвинува дека се обидува да ја дестабилизира Турција.

Во соопштението објавено во понеделникот вечер, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД повикаа на „фер и брзо решение на аферата Осман Кавала“.

Еден ден по нивната заедничка изјава, во вторникот наутро, амбасадорите на десетте земји беа повикани од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој ја опиша нивната посветеност кон Кавала како „неприфатлива“.

Дипломатите оценија дека „постојаното одложување на неговото судење фрла сенка врз почитувањето на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста на турскиот судски систем“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе