Се трудат да ги подобрат односите

Ердоган најави посета на претседателот на Израел на Турција во февруари

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека неговиот израелски колега Исак Херцог, како што се очекува, во февруари ќе ја посети Турција во време кога двете земји се обидуваат да ги подобрат односите.

EPA-EFE

Во интервју за приватната НТВ Ердоган доцна синоќа кажа дека Херцог би можел да дојде во посета во првата половина на февруари.

„Со таа посета ќе почне новата ера во израелско-турските односи“, најави Ердоган.

Односите на двете земји, некогаш блиски сојузнички, се влошија откако е на власт Ердоган кој остро ја критикува израелската политика кон Палестинците.

Тие ги повлекоа своите амбасадори во 2010 година, кога израелските сили ги сопреа бродовите со хуманитарна помош за Палестинците во Газа бидејќи ја пробија израелската блокада.

Во нападот кој тогаш се случи загинаа девет турски активисти.

Односите повторно беа влошени во 2018 кога Турција поради селењето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим повторно го отповика амбасадорот од Израел, што го натера Израел да го повлече својот претставник.

Турскиот и израелскиот претседател разговараа по телефон откако Херцог стана шеф на државата.

Ердоган разговараше и со премиерот на Израел Нафтали Бенет по ослободувањето на израелската двојка уапсена во Истанбул поради сомнежи за шпионирање.

Турција сега се обидува да ги подобри односите не само со Израел, туку и да ја прекине меѓународната изолација со нормализирањето на односите со неколку зенји во регионот, вклучувајќи ги Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Ердоган најави дека на 14 февруари ќе ги посети ОАЕ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе