Ердоган најави напад врз Курдите во Ирак: „Ќе ги изненадиме една ноќ“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја би можела сама да интервенира за да ги избрка „терористите“ од северот на Ирак.

EPA-EFE

„Имам фраза која секогаш ја кажувам: „Можеби ќе ги изненадиме една ноќ““, кажа Ердоган на прес-конференција во Истанбул, мислејќи на можноста за изведување ненадејна турска операција за протерување на „курдските терористи“ од Синџар, пренесува Анадолу.

Пред неколку дена, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар одржа разговори со претставници на регионот Ирачки Курдистан. Според официјални извори, разговорите биле насочени на начини за унапредување на заедничката безбедност и воената соработка на двете страни.

Двете страни ја истакнаа важноста на примената на Синџарскиот договор на начин на кој се гарантира излегување на милициите и нерегуларните оружени сили од градот за да се нормализираат условите и да им се пружи прилика на раселените да се вратат во своите куќи.

„Се бориме против терористичката Курдска работничка партија (ПКК- и мора да ја зајакне иницијативата во таа насока“, кажа Акар.

Турција од средината на јуни ги засили своите операции во северен Ирак, нарекувајќи ги „орлова канџа“ и „Тигрова канџа“, што алудира на лов на курдските бунтовници.

Турција постави десетици воени пунктови во областите на своите операции на северот на Ирак, но Багдад е против воената операција и бара повлекување на турските сили од Ирак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе