Ердоган му се закани на Дамаск: Воена операција во Сирија е само прашање на време (ВИДЕО)

Турска воена операција против силите на сириската влада во покраината Идлиб би било најлошото можно сценарио, соопшти денес Кремљ.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно денес дека воена операција во сириската покраина е „само прашање на време“, откако на разговорите со Русија не беа исполнети турските барања во врска со Идлиб.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека Москва остро се противи на таква операција, но дека Москва и Анкара се во контакт за да се обидат да спречат ескалација на тензиите во Идлиб.

Ердоган се закани дека наскоро ќе почне воена офанзива во Идлиб, на северозападот на Сирија, каде деновиве трае судир на турските и сириските сили.

Повикувајќи го сирискиот режим до крајот на месецот да се повлече зад турските набљудувачки позиции во Идлиб, Ердоган кажа: „Ова се нашите последни предупредувања. Некоја ноќ можед а се појавиме без предупредување. Да бидам подиректен, операцијата во Идлиб е пред вратата“.

„За жал, ни преговорите водени во нашата земја ни во Русија не доведоа до саканиот резултат“, изрази жалење турскиот претседател.

„Многу сме далеку од точката на која сакаме да се најдеме, тоа е факт. Но преговорите (со Русите) продолжуваат“, додаде тој.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе