Ердоган му порача на Вашингтон: „Ако не ни ги продадете Ф-35, некој друг ќе ни продаде“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе се сврти за набавка на борбените авиони кон некој друг доколку САД не ѝ ги продадат американските авиони Ф-35, и додаде дека одлуката на САД да се исклучи Анкара од програмата, нема да ја одврати Турција од набавка на авионите.

Минатата недела САД објавија дека ја отстрануваат НАТО сојузничката Турција од програмата Ф-35 откако Анкара го купи и доби испорака на рускиот ракетен систем С-400, што Вашингтон го смета за закана.

Вашингтон на Турција ѝ се заканува со санкции, иако Анкара ги отфрла предупредувањата. Наместо тоа, Анкара се потпира на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека кон Турција се однесувало неправедно.

Трамп за новинарите во Белата куќа изјави дека не ја обвинува Турција поради купувањето на рускиот систем за воздушна одбрана, но не кажа кога ќе одлучи за наметнување на санкции над Турција поради тоа што соработувала со руската војска, како што се предвидува според американскиот закон од 2017 година.

„Ја набљудуваме целата ситуација со Турција“, рече Трамп. „Тоа е тешка ситуација... не ја обвинувам Турција бидејќи има многу околности“, рече американскиот претседател.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе