„Господине Трамп, со своите долари не можете да ја купите демократската волја на Турција“, кажа Ердоган во Анкара, „Апелирам до целиот свет... Никогаш не ја продавајте својата волја за ситни долари“.
Трамп во средата се закани дека ќе ја укине финансиската помош за земјите кои ќе гласаат за резолуцијата на ОН во која се бара од САД да ја повлечат својата одлука за признавање на Ерусалим за престолнина на Израел.
Неколку високи дипломати во ОН изјавија дека во Генералното собрание се исклучително ретки таквите директни, јавни закани.
Ердоган смета дека денес „светот ѝ дал добра лекција по демократија на Америка“.
Во Генералното собрание на ОН, кое има 193 членки, никој нема право на вето, а Палестинците имаат широка поддршка, па резолуцијата лесно промина. Резолуциите на Генералното собрание на ОН, меѓутоа, имаат помала тежина од оние на Советот за безбедност.