Ердоган му порача на Путин дека Анкара е спремна да посредува во преговорите

Анкара е спремна да посредува во мировните преговори меѓу Турција и Украина, повтори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Претседателот Ердоган повтори дека Турција е спремна да ја преземе инцијативата во завршување на конфликтот меѓу Русија и Украина и да посредува во мировните преговори и истакна дека се залага за тоа што е можно побрзо да се воспостави одржлив мир во регионот врз основа на преговорите одржани во Истанбул, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган кажа дека неговата земја „ќе ги продолжи решителните и искрени напори кризата меѓу двете соседни земји да се реши и да се постигне мир“.

Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа на 28 февруари.

По низата средби во Белорусија, продолжи комуникацијата преку видео-врска, а потоа делегации на двете земји се сретнаа на 29 март во Истанбул.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе