Ердоган: Милиони бегалци наскоро ќе тргнат кон Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција нема намера да го запре напливот на мигранти кон Европската Унија, предупредувајќи дека „милиони“ луѓе наскоро ќе се упатат кон Европа.

„Откако ги отворивме портите, повеќе луѓе ни се јавија и ни рекоа 'затворете ги портите'“, рече Ердоган денеска во Анкара.

„Им реков - тоа е готово. Завршено е. Вратите сега се отворени. Сега вие ќе мора да го преземете својот дел од товарот“, рече тој.

„Откако ги отворивме границите, бројот на бегалците упатени кон Европа достигна стотици илјади. Овој број наскоро ќе биде во милиони“, рече тој.

Ердоган рече и дека се надева оти ќе постигне договор за прекин на огнот во Сирија кога ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин в четврток, по судирите со сириските сили поддржани од Русија во северозападната провинција Идлиб.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе