Ердоган: Макрон прво да ја провери својата „клиничка смрт“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одговори на коментарот на својот француски колега Емануел Макрон за „клиничката смрт“ на НАТО порачувајќи му прво да се провери себеси.

Во интервју за Економист претходно месецов претседателот на Франција Макрон кажа дека веропските земји не би требало премногу да зависат од САД да ги брани сојузниците од НАТО, додавајќи дека она на што сега сме сведоци е „клиничка смрт на НАТО“.

Претседателот на Турција Ердоган денес одговори на забелешката на Макрон.

Според турскиот престедател, Емануел Макрон би требало прво да ја провери „сопствената клиничка смрт“ пред да дава такви изјави за НАТО.

Еден ден претходно Макрон кажа дека коментарот за НАТО е повик за будење на Алијансата.

И германската канцеларка Ангела Меркел, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го критикуваа Макрон поради острите зборови, уверувајќи дека воениот пакт останал клучен столб на европската безбедност.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе