Ердоган ќе разговара со Путин за можната операција во Сирија

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека планира да разговара за можната турска воена операција во Сирија, во понеделник кога ќе ја посети Москва на средба со претседателот Владимир Путин, објави руската новинска агенција РИА.

Ердоган вети дека ќе ги уништи курдските борци поддржани од САД, источно од Еуфрат во Сирија и минатата година изјави дека подготовките за операцијата се комплетни.

Турција, главен муслимански сојузник на Вашингтон во рамките на НАТО, курдската милиција ЈПГ на Сирија ја смета за непријател и веќе интервенираше да ги збрише борците од територијата западно од Еуфрат преку воени кампањи во текот на изминатите две години.

„Нашите подготовки на границата се завршени, сè е подготвено за операција. Можеме да ја започнеме во секој момент. Ќе разговарам за ова, меѓу другото, лице-в-лице (со Путин) во текот на мојата посета на Русија“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе