Ердоган ќе праќа војска во Либија, Русија го осуди мешањето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека либиската влада поддржана од ООН побарала од Анкара да испрати трупи во Триполи.

Либија побарала помош за одбрана на градот од офанзивата на противничките сили.

Турските пратеници би можеле веќе следната недела да гласаат за овој потег, рече Ердоган и додаде дека неговата влада ќе поднесе предлог-закон со кој ќе се овозможи распоредување на турските сили во Либија, пренесе АП.

Во разговор со функционерите на неговата владејачка партија, Ердоган рече дека владата во Триполи на либискиот премиер Фајез Сараџ ја „повикала“ Турција да испрати трупи според договорот за воена соработка потпишан неодамна.

Анкара и Триполи потпишаа и поморски договор.

И двата договори беа критикувани низ целиот регион.

Администрацијата на Сараџ од април е соочена со офанзива од ривалската влада со седиште во источна Либија и силите лојални на генералот Калифа Хифтер, кој се обидува да го заземе Триполи.

„Ќе одиме на места на кои сме поканети, а не на места на кои не сме поканети“, рече Ердоган и додаде: „Во моментов, бидејќи имаме таква покана, ние ќе ја прифатиме“.

Според него, нацрт-законот би можел да биде усвоен на 8 или 9 јануари, веднаш штом парламентот повторно ќе се состане.

Владејачката партија на Ердоган има мнозинство во парламентот, што сигнализира дека законот лесно ќе биде усвоен.

На ова стигна реакција од Москва.

Русија осудува какво било мешање во внатрешните работи на Либија од страна на надворешна власт, но ги поздравува обидите да се помогне во решавањето на кризата во северноафриканската земја, изјави денеска рускиот претседател Дмитриј Песков за медиумите.

„Постојано го повторувавме ставот на Русија за либиската криза. Москва бара брзо решавање на конфликтот и крај на крвопролевањето во земјата“, рече Песков.

Либија е поделена на две администрации, Сараџовата во Триполи и владата на генералот Хифтер на истокот на земјата.

Борбите околу Триполи ескалираа во последните неколку недели откако Хифтер прогласи дека почнува конечна битка за главниот град.

Хифтер е поддржан од Обединетите Арапски Емирати, Египет, Франција и Русија, додека Сараџ е поддржан од Турција, Катар и Италија.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе