Ердоган: Ќе ја имаме најмоќната војска во светот

Турција ќе продолжи да ја јакне својата војска за да стане најмоќна во светот, изјави претседателот на таа земја Реџеп Таип Ердоган.

EPA-EFE

„Успесите во операциите во последните шест години даваат целосна основа оружените сили на Турција да се сметаат за едни од најмоќните во светот. Ќе продолжиме да ја јакнеме војската сè додека не стане најсилна во светот. На патот на понатамошниот развој на Турција, особено внимание посветуваме на зголемувањето на потенцијалот за одвраќање на турските оружени сили“, изјави Ердоган.

Турскиот лидер истакна дека, без оглед на одредениот недостиг на кадри, оружените сили на Турција ќе продолжат да демонстрираат нови успеси. Според него, силата на турската армија се одразува и во областа на борбата против тероризмот, вклучувајќи ги прекуграничните операции.

„Борбата против тероризмот ќе продолжи сè до целосното отстранување на оваа закана“, изјави претседателот Ердоган, зборувајќи на Универзитетот за национална одбрана во Истанбул, а пренесува Анадолу.

Ердоган особено го истакна порастот на интересот на странските партнери за воени обуки во Турција. Шефот на државата истакна дека во последните воени обуки ЕФЕС во Турција учествувале 39 земји, меѓу кои и Соединетите Американски Држави. Турскиот лидер истакна дека бројни членки на НАТО не ја поддржуваат Анкара во борбата против тероризмот.

„Не ги забораваме оние кои ни го свртеа грбот“, порача Ердоган.

Тој се осврна и на завршениот самит на НАТО во Мадрид. Според него, во случај Шведска или Финска да се обидат да ја одолговлекуваат реализацијата на преземените обврски или покажат лицемерие, Турција ќе се врати на својот првичен став за проширувањето на НАТО.

Тој упати и предупредување до грчките власти.

„Арогантната Грција би требало да се сети на лекциите од историјата и да ги земе предвид процесите во регионот“, порача тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе