Се закани дека ќе го собере светот во одбрана на Газа

Ердоган кажа дека рацете на Бајден се крвави бидејќи го поддржува Израел

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кажа дека претседателот на САД Џо Бајден има „крвави раце“ поради поддршката на Израел во судирот кој беснее во појасот Газа.

EPA-EFE

Изјавата на турскиот лидер е еден од неговите најжестоки напади врз Бајден откако влезе во Белата куќа во јануари.

Ердоган во текот на изминатите месеци се обидува да ги поправи односите со Вашингтон и да се приближи со другите западни сојузници по една години остри недоразбирања/

Меѓутоа, тој денес го критикуваше Бајден директно во телевизиско обраќање во живо.

„Ја пишувате историјата со вашите крвави раце. Вие нè приморавте тоа да го кажеме бидејќи не можеме повеќе да молчиме за тоа“, кажа Ердоган обраќајќи му се на американскиот претседател.

Ердоган доби поддршка низ Блискиот Исток гласно поддржувајќи ја палестинската кауза за време на 18-годишното владеење.

Тој минатата недела го обвини Израел за тероризам и се заколна дека ќе го собере светот во одбрана на Газа.

„Денес го гледаме потписот на Бајден на продажбата на оружје на Израел“, кажа Ердоган, алудирајќи на извештаите на американските медиуми за новата испорака на оружје која ја одобри владата на Бајден.

„Палестинските територии се преплавени со прогон, патење и крв како и многу други територии кои го изгубија мирот со крајот на османлиите. И вие тоа го поддржувате“, кажа претседателот на Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе