Ердоган ја отвори кулата Чамлица, највисоката зграда во Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, свечено ја отвори кулата Чамлица, највисоката зграда во Истанбул, јавува турската државна агенција Анадолија.

Фото: ЕПА

Станува збор за телекомуникациска кула што истовремено ќе биде значајна туристичка атракција на Чамлица, рид со еден од најубавите погледи на Босфор и Истанбул.

„На 587 метри надморска височина и поглед кон Босфор, оваа кула е највисоката зграда во Истанбул“, рече Ердоган, потенцирајќи дека кулата значително ќе придонесе за туризмот.

Тој додаде дека со овој проект се решил и проблемот со визуелното загадување на Чамлица.

Турскиот претседател додаде дека се надева дека кулата Чамлица, која ќе им служи на телевизијата, радиото, медиумските организации и комуникациските оператори, ќе биде корисна за земјата и градот.

Обраќањето на Ердоган беше проследено со свечено сечење лента, со што официјално беше отворена кулата Чамлица.

Претходно денес турскиот министер за трговија и инфраструктура Адил Караисамилоглу зборуваше на прес-конференција за карактеристиките на кулата Чамлица.

Тој рече дека кулата, која претходно почнала да дава радиодифузни услуги, има значителни туристички капацитети, тераса, ресторан и места за одмор.

Изградбата на кулата почна во 2017 година, а се простира на површина од околу 30.150 квадратни метри. Врвот на кулата достигнува надморска височина од 587 метри, што ја прави највисоката зграда во Истанбул.

Висината на армирано-бетонската конструкција е 221 метар, а висината на челичната антена на кулата е 168 метри.

Од тлото кулата со челична антена достигнува висина од 369 метри, изградена е за да издржи земјотрес со јачина од 9 степени и е отпорна на силни ветрови.

Кулата Чамлица, чија длабочина е 218 метри, има вкупно 49 ката, од кои четири ката се под земја и 45 спрата над земја.

Благодарение на кулата Чамлица, Турција постигна значителен успех во областа на телекомуникациското емитување, а како што е наведено, за прв пат во светот истовремено ќе се емитуваат 100 ФМ радиопреноси од една комуникациска кула.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе