САД и Грција разочарани и гневни

Ердоган ја најави првата молитва во џамијата Аја Софија (ВИДЕО)

Првите муслимански верници ќе можат да се молат во славната истанбулска Аја Софија веќе на 24 јули, најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако претходно во текот на денот турски суд донесе одлука за промена на нејзиниот статус од музеј во џамија.

EPA-EFE

Турскиот престедател кажа дека речиси 1.500 години старата исторска градба, досега под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, ќе остане отворена за муслиманите, христијаните и странците, но додаде дека Турција има суверено право да го смени статусот на Аја Софија во џамија и дека критиките кои ѝ пристигнуваат поради тоа ќе ги толкува како напад врз својата независност.

„Со Божја волја, сите заедно ќе се најдеме на молитва во петок на 24 јули и ќе ја отвориме (Аја Софија) за верниците“, кажа Ердоган во телевизиското обраќање до нацијата, во емотивниот говор во кој доминираа националистички и верски референци.

Според него, ќе бидат потребни шест месеци за да се финализираат подготовките градбата, во која има и некои обновени христијански симболи и мозаици, да се подготви за прифаќање на верниците од исламската вера.

Тој истакна дека неговата влада е определена да го заштити културното наследство на УНЕСКО така што секој, вклучувајќи ги и муслиманските и христијанските верници, ќе може да продолжи да го посетува. Меѓутоа, не кажа ништо подетално за планираните подготовки.

Американскот Стејт департмент објави денес дека е „разочаран“ од одлуката на турската влада за промена на статусот на византиската базилика Аја Софија откако турскиот претседател Ердоган објави дека ќе се смени статусот и од музеј ќе биде претворена во џамија.

„Сфаќаме дека турската влада останува приврзана за овозможување на пристапот до Аја Софија за сите посетители, и се радуваме што ќе ги слушнеме нејзините планови за понатамошното водење на Аја Софија за да се обезбеди таа да остане достапна за сите без пречки“, наведе во соопштение портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа денес дека „на најостар начин“ ја осудува одлуката на Турциај Аја Софија да ја претвори од музеј во џамија.

„Тоа е избор кој ги разгневува сите кои го признаваат тоа здание како светско културно наследство. И нормално дека не ги погаѓа само односите на Турција и Грција туку и односите на Анкара со Европската Унија“, се наведува во соопштението на грчкиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе