Ердоган изгуби, Истанбул има нов градоначалник

Кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу е прогласен за градоначалник на Истанбул откако ѝ нанесе понижувачки пораз на партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган која сè уште се бори со сите сили да ги поништи резултатите од гласањето.

Високата изборна комисија (ЈСК) му го предаде мандатот за градоначалник на Екрем Имамоглу без оглед на поднесената жалба еден ден претходно од  партијата на Ердоган АКП во која се бараат нови избори под изговор дека изборите на 31 март биле одбележани со неправилности.

Бидејќи го доби мандатот од изборната комисија, Имамоглу отиде во општината на Истанбул, која веќе 25 години е под контрола на претставниците на Ердогановото исламистичко движење.

Новиот градоначалник во говорот рече дека се работи за 16 милиони луѓе, а не само едно лице, една група или една партија. Илјадници негови приврзаници се собраа пред општината за да ја прослават неговата победа.

„Никогаш не се откажавме од единството и заедништвото што ги изразија 16 милиони луѓе кои живеат во овој град“, рече Екрем Имамоглу, 48-годишната ѕвезда во подем на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) пред да влезе во општината на Истанбул за церемонијата на предавање на мандатот.

„Свесни сме за нашите одговорности. Ги знаеме потребите на овој град. Од денес, општинската зграда на Истанбул е отворена за работа“.

АКП официјално поднесе жалба и побара нови избори во Истанбул. Тие тврдат дека до изборната комисија поднеле три куфери полни со документи кои ЈСК треба да ги разгледа.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе