Ердоган итно донесе декрет по новиот скок на бројот на новозаразените

Во Турција бројот на заразените со коронавирусот скокна на 1.502 случаи на ден, што е најмногу од средината на јуни. Претседателот Реџеп Таип Ердоган подготвува нови мерки.

EPA-EFE

Министерот за здравство Фахретин Коџа напиша на Твитер дека уште 24 лица умреле, што е вкупно 6.163 починати досега.

Претседателот Ердоган најави дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа“, како на пример работа од дома.

Тоа беше објавено со претседателски декрет во текот на ноќта во кој се наведува дека се преземаат чекори за сопирање на епидемијата во земјата.

Претходно министерството за внатрешни работи соопшти дека се забрануваат одредени собирања, прослави, венчавки и веридби.

Во 14 провинции ќе биде дозволено венчавките да траат само еден час со забрана за танцување и други видови забава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе