Ердоган: Источното Средоземје е испит на искреноста на Европската Унија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му соопшти на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ставот што ЕУ ќе го заземе во спорот на Грција и Турција во источното Средоземно Море ќе биде испит на нејзината искреност и ја повика да биде објективна.

EPA-EFE

Турција и Грција се во спор околу наоѓалиштата на природен гас под источното Средоземно Море и суверенитетот во тој регион.

Провокативните коментари и чекорите на европските политичари нема да помогнат во наоѓање решение, му кажа Ердоган на Мишел, како што соопшти неговиот кабинет.

„Претседателот Ердоган кажа дека ставот на ЕУ во источниот Медитеран ќе биде испит на искреноста од перспектива на меѓународното право и регионалниот мир“, се наведува во соопштението на кабинетот на турскиот претседател.

„Претседателот ги повика институциите на ЕУ и државите членки да се однесуваат одговорно и да останат праведни, непристрасни и објективни наспроти сите регионални прашања, особено во источниот Медитеран“, се додава во соопштението.

Мишел во петокот кажа дека лидерите на ЕУ на состанокот на 24 и 25 септември ќе одлучат за пристапот со „морков или стап“ кон Турција и предложи мултилатерална конференција со цел ублажување на тензиите во источниот Медитеран.

ЕУ во повеќе наврати ја критикуваше Турција поради истражувањето на резервите на гас во близина на грчките острови Кастелоризо, Родос и Крит.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше телефонски вчера со Ердоган, соопшти функционер на ЕУ.

Мишел ја истакнал важноста на деескалацијата на тензиите во источниот Медитеран и ја повикал Анкара да се „воздржи од активности кои поттикнуваат тензии“, додаде европскиот извор.

Турција во август го испрати својот истражувачки брод Оруч реис, придружуван од воени бродови, во спорните води меѓу Кипар и грчките острови Крит и Кастелоризо. Ја продолжи својата мисија за истражување гас за трет пат во еден месец и би требало да трае до 12 септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе