Eрдоган испратил последно предупредување до демонстрантите

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денес упатил „последно предупредување“ до демонстрантите да го напуштат паркот Гези во центарот на Истанбул, каде што пред две недели почнаа антивладините демонстрации, кои се раширија низ целата земја, пренесува РТ.

„До сега бевме трпеливи, но трпението има крај. Го упатувам последното предупредување: мајки, татковци, тргнете ги вашите деца од таму“, изјавил Ердоган во Анкара во рамките на собир на неговата Партија за правда и развој.

Тој предупредил дека полицијата во следните 24 часа ќе ги отстрани „проблематичните“ од плоштадот Таксим.

„Не можеме повеќе да чекаме бидејќи паркот Гези не им припаѓа на силите што го зазедоа. Тој им припаѓа на сите“, порачал турскиот премиер.

Тој затоа ги повикал, како што рекол, „браќата, заштитниците на животната средина повеќе да не нѐ растажуваат“.

„Дозволете ни да го расчистиме паркот Гези за да можеме да им го вратиме на вистинските сопственици – жителите на Истанбул“, кажал Ердоган.

Тој ја потврдил подготвеноста да се консултира со жителите на Истанбул за проектот за плоштадот Таксим и паркот Гези. Во двонеделните протести во Турција досега загинаа пет лица, а над 5.000 се повредени во насилствата.

Протестите во Истанбул почнаа на 31 мај поради одлуката на власта да исече над 600 дрвја од паркот Гези за да изгради трговски центар и џамија. Демонстрациите потоа се претворија во антивладини протести и се проширија низ целата земја.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе