На Фејсбук оваа објава во насловот гласи: „Петре (на пример, н.з.) денес е изборен ден во Северна Македонија“. Во текстот пишува: Добиј официјални информации за гласањето на претседателските избори денес. Сподели за да ги инспирираш другите да гласаат.
Наведена е и бројката на корисници на Фејсбук кои во моментот ја споделиле информацијата. Со еден клик се оди на интернет страницата на ДИК каде има корисни информации за изборите и гласањето.