Ердоган им се придружи на илјадниците верници пред Аја Софија (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се придружи денес на илјадниците верници кои се собраа околу Аја Софија, за првпат откако таа доби статус на џамија и во неа учествуваа на муслимански верски обред.

EPA-EFE

Ердоган и неговите главни министри, со маски поради пандемијата на ковид-19, клекнаа на сините килими на почетокот на церемонијата која означува враќање на муслиманските молитви во Аја Софија, византиската базилика стара речиси 1.500 години која го изгуби статусот на музеј и стана џамија.

Верниците, на дистанца и со маски, седеа на молитвените килими поставени на плоштадот на султанот Ахмед.

Пред 86 години, основачот н Република Турција Мустафа Кемал Ататурк ја претвори Аја Софија во музеј, во рамки на спроведувањето на секуларните реформи. Врховниот суд ја поништи месецов одлуката за претворање на Аја Софија во музеј.

Аја Софија е изградена во времето на царот Јустинијан во шестиот век, за во 1453, веднаш по освојувањето на Цариград, султанот Мехмед Втори да ја претвори во џамија.

За време на 17-годишното владеење Ердоган го промовираше претворањето на Аја Софија во џамија, а тоа прашање, популарно меѓу гласачите на неговата Партија на правото и развојот (АКП), го истакна и за време на локалните избори минатата година.

Христијанските фрески и мозаици се покриени со завеси за време на муслиманските верски обреди.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе