Ердоган им прокоси на САД: Ние не сме племенска држава, ние сме Турција

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган им пркосеше денес на американските закани со санкции поради неодамнешното тестирање на напредниот руски противвоздушен ракетен систем С-400.

EPA-EFE

„Какви и да ви се санкциите, не одолговлекувајте туку применете ги. Вие (САД) ни кажувате да го вратиме С-400. Ние не сме племенска држава, ние сме Турција“, кажа Ердоган.

Американските власти во петокот повторно предупредија дека односите со Турција, која е официјално американски сојузник во НАТО, ќе бидат сериозно загрозени поради неодамнешното турско тестирање на ракетниот систем С-400.

Стејт департментот соопшти дека тестирањето е „некомпатибилно со одговорноста на Турција како сојузничка во НАТО и стратегиски партнер на САД“.

САД ѝ се заканија на Турција дека ќе ѝ воведат санкции ако го активираат ракетниот систем.

Анкара договорот за купување на С-400 од Русија го потпиша во 2017 година, а првите батерии од системот беа испорачани во јули минатата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе