Ердоган и Трамп разговараа за воспоставување безбедносна зона во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот лидер Доналд Трамп разговараа синоќа за воспоставување безбедносна зона во Сирија, јави кабинетот на турскиот претседател.

Во телефонски разговор двајцата лидери ја разгледале „идејата за воспоставување безбедносна зона без тероризам на северот на Сирија“, соопшти турскиот претседателски кабинет без да наведува детали.

Разговорот се одржал во момент кога двете земји се соочени со нови тензии околу курдските сили ИПГ кои Анкара ги смета за терористички, но Вашингтон ги поддржува во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИСИС).

Анкара не крие дека сака да почне воена операција против ИПГ, но Вашингтон се труди да ги смири своите сојузници откако во декември најави повлекување од Сирија.

Трамп на Твитер во неделата најави формирање безбедносна зона од 30 километри во Сирија. Американскиот државен секретар Мајк Помпео прецизираше вчера по посетата на Саудиска Арабија дека би станувало збор за зона вдолж турската граница, за заштита на курдските милиции и Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кажа дека Турција нема ништо против тој план.

Во разговорот Ердоган му гарантирал на Трамп дека Турција е спремна да им пружи секаков вид поддршка на САД во рамки на нивното повлекување од Сирија.

Иако Трамп во неделата се закани дека економски ќе ја уништи Турција ако таа ги нападне Курдите, синоќа двајцата претседатели во телефонскиот разговор договориле јакнење на економските односи.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе