Ердоган и Шинзо Абе отворија нова болница во Истанбул

Лидерите на Турција и Јапонија отворија нова болница во Истанбул, како симбол на нивното долгогодишно пријателство, среде пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Градската болница Басакшехир Кам и Сакура е именувана по турскиот бор и јапонските цвеќиња од цреша, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган за болницата која располага со повеќе од 2.600 легла.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој присуствуваше на настанот преку видео повик, рече дека се надева дека оваа јавно-приватната институција ќе ја унапреди економската активност на земјата.

Ердоган, кој не ја носеше задолжителната маска за лице, рече дека болницата ќе игра „клучна улога“ во борбата против коронавирусот, нарекувајќи ја чекор што го симболизира нивното трајно пријателство.

Повеќе од 15.000 борови и цреши се засадени во кругот на болницата, која има дневен капацитет од 35.000 пациенти и 500 операции, рече Ердоган.

Турција планира да ја направи болницата центар за здравствен туризам, со оглед на близината на меѓународниот аеродром во Истанбул, додека земјата ги ублажува економските последици од глобалната здравствена криза предизвикана од пандемијата.

Министерот за здравство веќе има насоки за започнување со прием на пациенти од 31 земја, вклучително и Германија, Велика Британија и Русија.

Откако го потврди својот прв случај на 11 март, Турција пријави повеќе од 152.000 случаи на зараза и 4.222 смртни случаи.

Јапонија има повеќе од 17.000 случаи на зараза и близу 800 смртни случаи. Претходно во четвртокот, Абе ја укина кризната состојба во три западни префектури.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе