Ердоган ѝ се закани на Грција: Може да ви дојдеме ненадејно една ноќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи својот говор на самитот на Г20 како можност повторно да ѝ се закани на Грција. Тој им рече на новинарите дека Турција „може да дојде ненадејно една ноќ“ и дека соседната земја треба „да пази кај ѝ е местото“ и „да се потсетува на историјата“.

Фото: ЕПА
Во последниве месеци, Ердоган ја заостри својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Во говорот на Бали, турскиот претседател го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „нема да бидат од корист ни сите авиони и оружје што ќе дојдат“, пренесува Политико. 

Ова не е прв пат Ердоган да ја изговара оваа конкретна закана, која е упатување на песната популарна во времето на турската инвазија на северен Кипар во 1974 година, „Бир Геце Ансизин Гелебилирим“. Минатиот септември, Ердоган веќе рече дека Турција може да „дојде ненадејно една ноќ“, што ја натера Атина да ги спореди заканите со руската инвазија на Украина.

„Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент“, напиша тогаш грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во писмата до НАТО, ЕУ и Обединетите нации.

Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе