СПОРЕД ИРАНСКАТА АГЕНЦИЈА ФАРС

Ердоган го спасиле руските разузнавачки служби

Руските разузнавачки служби, неколку часа пред почетокот на немирите минатата недела во Турција, го предупредиле премиерот Реџеп Таип Ердоган дека му се подготвува воен удар, објави денеска иранската агенција Фарс, пренесувајќи „неколку арапски медиуми“ што се повикуваат на неименувани дипломатски извори во Анкара.

Како што е наведено, турската Национална разузнавачка организација, позната како МИТ, била предупредена од своите руски колеги дека ќе се случи воен удар.

Неименуваните дипломати рекле дека руската војска во регионот пресретнала мошне деликатна воена комуникација и шифрирани радиопораки што покажале дека турската армија се подготвува да организира државен удар против власта во Анкара.

Комуникацијата содржела испраќање неколку армиски хеликоптери кон хотелот во кој бил Ердоган за да го уапсат или да го убијат претседателот.

Дипломатите не биле сигурни која руска станица ја пресретнала комуникацијата, но рекле дека руската воена разузнавачка единица распореденa во базата Кмеимим во северната сириска провинција Латакија, наводно, е опремена со најсовремени електронски системи за прислушување што ги снабдуваат руските ескадрони што се борат во Сирија и со најделикатните информации.

Дипломатски извори велат дека промената во надворешната политика на Ердоган само една недела пред државниот удар била „главната причина зошто неколку странски земји го испровоцирале државниот удар и ѝ ветиле воена помош на војската за да го изведе, но Ердоган таа иста промена во надворешната политика и го спаси“, зашто не се знае дали Русите инаку ќе ја пренеле таа информација.

Во Турција ноќта на 16 јули имаше обид за воен удар, во кој загинаа повеќе од 200 луѓе. Турските власти успеаја да ја преземат контролата на државата и досега уапсија повеќе од 10.000 луѓе.

Претставници на ниту една земја досега немаат дадено никаков коментар за оваа информација. Во Анкара, официјални извори, вклучувајќи ја и самата армија, потврдија дека МИТ ги информирала највисоките генерали на турската армија за минатонеделниот државен удар неколку часа пред тој да почне.

Во соопштението на армијата на 19 јули, во кое се опишуваат настаните на 15 јули, се вели дека поголем дел од војската успеал да го задуши обидот за државен удар како резултат на информациите дадени од МИТ околу пет часа пред вестите дека се случува државен удар, пренесува националниот весник Хуриет.

Високи армиски функционери веднаш дале наредба сите воздушни и копнени сили во земјата веднаш да ги прекинат операциите, вклучувајќи ги и воените возила, како што се тенковите, авионите и хеликоптерите.

Арапска Ал џезира објави дека заговарачите на државниот удар ја почнале операцијата шест часа пред времето во кое била планирана, во 3 часот изутрина по локално време на 16 јули.

Иако не се наведува причината зошто државниот удар бил почнат предвреме, веројатно тоа било предизвикано од фактот дека војската дознала за нивните планови и тие одлучиле да дејствуваат веднаш.

Заговорниците на државниот удар имале наредба да го киднапираат или да го убијат претседателот Реџеп Таип Ердоган кога хеликоптерите се упатиле кон хотелот во кој престојувал во одморалиштето Мармарис, но Ердоган заминал 44 минути пред тие да пристигнат, вели Ал џезира.

Официјалните изјави што доаѓаат од Анкара целосно се согласуваат со извештаите на арапските медиуми што ги цитираат дипломатските извори за руските разузнавачки информации.

Само четири дена по државниот удар, Ердоган се појави во медиумите и рече дека планира да прогласи клучен пресврт во надворешната политика што „ќе ги прекине споровите со соседите на Турција“.

Помалку од ден подоцна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека претседателот Ердоган ќе ја посети Русија во почетокот на август за да се сретне со својот руски колега Владимир Путин.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе