Ердоган го предупреди Трамп: „Статусот на Ерусалим е црвената линија за муслиманите“

ЕУ денес предупреди на тешките последици од евентуалното американско признавање на Ерусалим како главен град на Израел и преместувањето на американската амбасада во тој град, пренесуваат светските агенции.

„Тоа би можело да има тешки последици врз јавното мислење во повеќе делови од светот“, предупреди кабинетот на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Федерика Могерини. „Треба да се остане фокусиран на напорите околу повторното активирање на мировниот процес и избегнување на секакви дејства кои би ги спречиле тие напори. Од почетокот на годината ЕУ треба да размисли за последиците кои би можела да ги има едностраната одлука или дејствување поврзано со статусот на Ерусалим“.

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит ја оцени како опасна можната одлука за преместување на американската амбасада во Ерусалим, со што тој би се признал како главен град на Израел.

Абул Геит пред членовите на панарапската организација предупреди за „опасноста на тоа прашање, доколку се случи, и можните негативни последици не само врз состојбата во Палестина туку и во арапскиот и муслиманскиот регион“.

Високиот претставник на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Шаат, го предупреди денес Доналд Трамп дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел би значел крај на напорите на американската администрација за обновување на мировниот процес.

„Нема повеќе да прифатиме посредување на Америка, посредување на Трамп. Ќе биде тоа крај на улогата која Американците ја играа во тој процес“, кажа Шаат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, кажа денес дека статусот на Ерусалим е „црвената линија“ за муслиманите, спомнувајќи дури и можен прекин на дипломатските врски доколку Вашингтон го признае за главен град на Израел.

„Ќе ја водиме оваа битка решително до крај. Тоа би можело да оди до прекин на нашите дипломатски односи со Израел“, кажа турскиот претседател прред парламентарната група на исламско-конзервативната владејачка партија АКП.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе