Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна во правосудниот систем по масакрот во џамијата во Крајстчерч и предупреди дека Турција ќе се погрижи сторителот да плати за своите дела ако Нов Зеланд пропушти да го стори тоа.

Австралиецот Брентон Тарант (28) уби 50 верници за време на петочната молитва во две џамии во Крајстчерч.

„Полн со омраза уби 50 наши браќа. Ќе платиш за тоа. Ако не го направи тоа Нов Зеланд, ние знаеме како да платиш за тоа на еден или друг начин“, рече Ердоган на изборниот митинг пред илјадници луѓе во северна Турција. Не објасни како мисли тоа да го направи.

Тој процени дека Турција погрешила кога ја укинала смртната казна пред 15 години и додаде дека Нов Зеланд треба да преземе правен ангажман за да може напаѓачот од Крајстчерч да се соочи со смртна казна.

„Ако парламентот на Нов Зеланд не донесе ваква одлука, ќе продолжам постојано да расправам со нив за ова. Неопходните мерки мора да се преземат“, рече Ердоган.

Како дел од кампањата за локалните избори на 31 март, на кои неговата владејачка партија се бори за победа, Ердоган прикажуваше снимка од убиствата во Крајстчерч, што сторителот го емитуваше на Фејсбук, како и извадоци од „манифестот“ на Тарант за супериорноста на белците.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Винстон Питерс ја повика Турција да прекине со емитувањето на снимката, бидејќи со тоа ги загрозува животите на Новозеланѓаните во странство. И покрај интервенцијата на Питерсон, дел од манифестот на Тарант беше прикажан на денешниот митинг на Ердоган, како и кратка снимка од убиецот на влезот во џамијата и почетокот од неговото пукање.

АК партијата на Ердоган, која повеќе од 16 години доминира со турската политика, се бори да победи на изборите во неповолен момент поради рецесијата по години силен раст на турската економија.

Ердоган ги окарактеризира изборите со „да се биде или не“ во однос на заканата на курдската милиција и исламофобијата, која според него резултира со злосторства како масакрот во Крајстчерч.

Висок турски безбедносен извор објави дека Тарант двапати влегол во Турција во 2016 година и е започната истрага за неговото движење и лицата со кои контактирал.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе