Ердоган го осуди писмото на Трамп: „Не сме заборавиле“

Трамп го предупреди водачот на Турција да не биде „будала“ и „насилник“.

Заканувачкото писмо на американскиот претседател Доналд Трамп во кое му вели на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да не биде „будала“ или „насилник“ не било добро примено, а Ердоган денеска ја осуди пораката како недипломатска и рече: „Не сме го заборавиле“.

„Писмото на претседателот Трамп, кое не беше во стилот на политичката и дипломатската учтивост, се појави во медиумите“, рече Ердоган денеска за време на прес-конференцијата за договорот за прекин на огнот меѓу Сирија и Турција, пренесува Политико. „Секако дека не сме го заборавиле. Не би било во ред да го заборавиме“.

Во писмото од 9 октомври се бараше од Ердоган да ја откаже својата инвазија во северна Сирија, со предупредувања дека историјата ќе го гледа како „ѓавол“ ако „не се случат добри работи“. Писмото се појави откако Трамп веќе доби двопартиски и масовни критики за повлекувањето на американските војници од регионот, со тоа отворајќи го патот за турската офанзива.

„Ајде да постигнеме добар договор!“, вели Трамп во писмото. „Ти не сакаш да бидеш одговорен за колење илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништување на турската економија - а ќе ја уништам“.

Заканите на Трамп се алузија на санкциите што американското Министерство за финансии претходно им ги воведе на високи турски официјални лица за притворањето американски евангелски свештеник.

Ердоган, наводно, го фрлил писмото во ѓубре откако го примил.

„За доброто на нашите односи, нема поента да го споменуваме ова писмо“, им рече Ердоган на новинарите. „Ова не е приоритет за нас, но кога ќе дојде време, би сакале да се знае дека ќе ги преземеме неопходните чекори“.

Тој не образложи какви ќе бидат тие чекори.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе