Ердоган го осуди обидот за воен пуч во Венецуела

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди обидот за државен удар во Венецуела, јави турската агенција Анадолу.

Добро е познато дека Ердоган го поддржува актуелниот претседател Никола Мадуро.

„Турција, која и самата ги почувствува негативните последици од воените удари и која се бореше против нив, го осудува обидот за државен удар во Венецуела. Целиот свет ќе мора да го почитува демократскиот избор на граѓаните на Венецуела“, порача Ердоган преку Твитер.

„Оние што се обидуваат на чело на Венецуела да постават гувернер како во постмодерна колонија мора да знаат дека на демократски избори се одлучува како ќе се управува со една земја“, рече тој и потсети дека претседателот на Венецуела на власт дошол преку демократски избори.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе