Ердоган го обвинил Западот за оркестрирање на нападот врз Шарли ебдо (ВИДЕО)

Турскиот претседател го обвинил Западот за нападот врз сатиричниот неделник Шарли ебдо, со тврдење дека муслиманите биле „наместени“ за злосторството.

Ердоган смета дека вината е на француските разузнавачки служби бидејќи извршителите на злосторствата неодамна служеле затворски казни. „Тоа е многу важно... Зарем нивните разузнавачки служби не ги следат оние што излегуваат од затвор?“

Ердоган го обвинил Западот дека „се подигрува со муслиманскиот свет“ и ги предупредил муслиманите да бидат „свесни“.

„Француски граѓани го извршија масакрот и муслиманите ја плаќаат цената“, изјавил Ердоган во понеделникот по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Анкара.

„Лицемерието на Западот е очигледно. Како муслимани, ние никогаш не учествуваме во терористички масакри. Зад нив лежат расизам, говор на омраза и исламофобија“, кажал тој.

Турскиот претседател ја искористил конференцијата за медиумите и за силна осуда на присуството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Маршот на солидарноста во Париз.

„Како човек кој со државен тероризам уби 2.500 луѓе во Газа може да шета низ Париз, зошто луѓето возбудено го чекаат? Како тој се осмелува да оди таму“, прашал Ердоган.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе