Продолжува кавгата меѓу двајцата лидери

Ердоган го нарече Нетанјаху „крадец“ и „тиранин“

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го нарече денес премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху „крадец“ и „тиранин“ во продолжението на кавгата меѓу двајцата лидери.

Кавгата изби кога портпаролот на Ердоган го обвини нетанјаху дека е расист бидејќи кажа дека Израел е навионална држава само на еврејскиот народ.

Нетанјаху возврати нарекувајќи го Ердоган диктатор и критикувајќи ја Турција за тоа што ги затвора новинарите.

Во говор на митинг во рамки на предизборна кампања Ердоган го означи Нетанјаху како „крадец кој го предводи Израел“, алудирајќи на обвиненијата за корупција против израелскиот премиер.

„Вие сте тиранин. Вие сте тиранин кој коле седумгодишни палестински деца“, додаде турскиот претседател.

Израел и Турција некогаш беа сојузници, но под Ердоган Турција стана најгласниот критичар на израелската политика кон Палестинците.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе