Ердоган го нападна Макрон, вели дека им се одмаздува на муслиманите

Турскиот претседател Таип Ердоган ги нападна мерките на неговиот француски колега Емануел Макрон за борбата против исламистичкиот активизам, тврдејќи дека тие се одмазда против муслиманите.

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

„Оние кои се вознемирени од растот на исламот, ја напаѓаат нашата религија постојано зборувајќи за кризите што тие лично ги предизвикале“, рече Ердоган во видео пораката на самитот на врвот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).

„Антимуслиманскиот дискурс е најпрофитабилната алатка на западните политичари да ги сокријат своите неуспеси“, рече турскиот лидер.

На почетокот на овој месец, Макрон најави мерки за борба против исламистичкиот активизам и се зазема за изградба на ислам што одговара на „вредностите на Републиката“.

Тој рече дека владата работи со голема муслиманска организација во Франција за изградба на „ислам на просветителство“ што може да биде „во мир со Републиката“.

Ердоган го прозва Макрон тврдејќи дека главната цел на неговите иницијативи е „да ги расчисти сметките со исламот и муслиманите“.

„Под маската на борба против екстремизмот неговата цел е да создаде пасивен, слаб, кукавички и ненаметлив муслимански граѓанин кој не реагира на суровост“, рече Ердоган неколку дена откако Франција беше шокирана од обезглавувањето на професорот по историја Самуел Пати.

Макрон ќе присуствува на погребот на Самуел Пати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе