Емитувано од напаѓачот

Ердоган го користи видеото од нападот во Нов Зеланд на изборни митинзи

Додека компаниите за социјални медиуми работеа на отстранување на видеозаписот од нападот врз џамијата во Нов Зеланд, кој беше емитуван од напаѓачот, истите снимки последниве денови се појавија на едно друго место: на изборните митинзи на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

На митинг во Анталија, во јужна Турција, во неделата - и двапати претходниот ден - Ердоган употреби изменета верзија на видеото за да ја поттикне поддршката меѓу своите исламистички следбеници пред локалните избори на крајот од месецов и да ја искритикува турската опозиција дека е слаба.

Напаѓачот, идентификуван како Брентон Тарант, 28-годишен Австралиец, објави долг манифест пред нападите, во кој меѓу другото се вели дека муслиманите треба да бидат протерани од делот од Турција што лежи западно од Босфор.

Турскиот претседател пушти делови од видеото, со заматени слики од нападот, на неколку изборни митинзи и ги поврза со изјавите на водачот на турската опозиција за да го изедначи својот противник со озлогласениот австралиски сенатор Фрејзер Енинг, кој за нападот ги обвини муслиманите-имигранти.

„Ние претрпевме нешто во Нов Зеланд, нели?“, рече Ердоган. „Една бедна имитација на политичар таму кажа нешто. Што кажа тој? Тој рече дека исламот е одговорен за тероризмот“, рече Ердоган и го пушти видеото, критикувајќи го Енинг.

Винстон Питерс, министер за надворешни работи на Нов Зеланд, изјави дека во неделата разговарал со турските власти, изразувајќи загриженост поради користењето на видеото.

Питерс рече дека им рекол на турскиот потпретседател и на министерот за надворешни работи дека „што било од таа природа што погрешно ја претставува оваа земја, со оглед на тоа дека тој не е државјанин на Нов Зеланд, ја загрозува иднината и безбедноста на луѓето од Нов Зеланд и нашиот народ во странство. И тоа е сосема неправедно“.

Во неделата Фејсбук соопшти дека отстранил 1,5 милион видеа од нападот што биле објавени во светот, вклучувајќи и 1,2 милион што биле блокирани уште при поставувањето. Компанијата соопшти дека ги отстранува и уредените верзии на видеото во кои нема вознемирувачка содржина.

Но Ердоган, кој на дневните митинзи води кампања за својата Партија на правдата и развојот, ги искористи нападите за да ги разгори чувствата кај народот. Во петокот тој рече дека разговарал со еден од тројцата турски државјани повредени во нападот во Крајстчерч и дека сочно го проколнал сторителот. Тој го нарече Тарант пакосен убиец и рече дека се заканувал со насилство во својот манифест, конкретно против Турција, нејзиното население и нејзиниот лидер.

„Заедно со сите муслимани, нашата земја, нашата нација и самиот јас сме таргет“, рече Ердоган на митингот во јужниот град Газиантеп. „Што вели тоа? Дека ние не треба да одиме западно од Босфор, значи во Европа. Инаку, тој ќе дојде во Истанбул, ќе ги убие сите, ќе нè избрка од нашата земја“.

Турците на 31 март ќе гласаат на локални избори. Пред девет месеци, тие не само што повторно го избраа Ердоган за претседател, туку и ги одобрија уставните измени со кои тој доби нови овластувања, менувајќи го парламентарниот систем на земјата во претседателски.

Иако Ердоган останува популарен, тој го чувствува притисокот од рецесиската економија и валутниот колапс, кои го намалија животниот стандард на Турците. Сепак, генералната економска успешна приказна на Турција му обезбеди силна поддршка на Ердоган во текот на неговото 17-годишно владеење како премиер и сега претседател, вели Њујорк тајмс.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе