ТЕРОРИСТКА СЕ КРЕНА ВО ВОЗДУХ, МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ И ДЕЦА

Ердоган: Ги проколнувам извршителите на бруталниот терористички напад

Најмалку 300 члена на Сојузот на социјалистичката младина се наоѓале во културниот центар Амара, кои учествувале во летната експедиција што треба да ѝ помогне на обновата на Кобане.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди одговорните за нападот, во кој загинаа најмалку 28 лица во градот Суруч, близу границата со Сирија.

Најмалку 100 лица се повредени во оваа експлозија.

„Длабоко жалиме поради смртта на 28 граѓани и ранувањето на голем број луѓе како последица на терористичкиот чин. Од името на мојот народ, ги проколнувам и ги осудувам извршителите на оваа бруталност“, порача Ердоган.

На снимката, која на интернет ја постави еден од младите активисти, се гледаат најмалку 20 лица што лежат на земјата. Додека едни се обидуваат да им помогнат на ранетите, други врескаат и плачат. Чад и прашина се надвива над нив, пренесува Гардијан.

Во Суруч, кој е оддалечен околу десет километри од сирискиот град Кобане, се наоѓа еден од најголемите бегалски кампови, во кој во моментов се сместени околу 35.000 бегалци од Сирија. 

 

Вознемирувачко видео:

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе